ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/18/21 1:21 PM

Апасиев најави кривични за биолошки тероризам ако дојдат заразени пратеници на седница

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека ако не се обезбеди кворум за гласање на седниците во Собрание, заразените пратеници од власта ќе дојдат со скафандери, напиша дека во таков случај ќе поднесе кривични пријави.

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

Во Собранието започна 32-та седница, присурна е облечена во скафандер, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска .


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1