ММС

Објавено на: 04/17/21 10:22 PM

Со чевличиња два броја помали ама нај мој си, златен на мајка – Весна Бејби со емотивна порака за полнолетство на синот Кирил

Актерката Весна Бејби Петрушевска на далечина го прослави полнолетството на синот Кирил, кој е на школување во Америка, кај татко му. Бејбки ја сов ладаа емоциите, па ги сподели на својот Фејсбук профил.

-Кирил наполни 18 години.  Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него , знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон.  Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска. Демек сум кул и ок. Тој стана полнолетен дечко. Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте. Отидовме да купиме нови чевли и продавачката ме прашува: -Ваш е ? Ја гледам насмеано и и одговарам: „Највеќе е мој, златен на мајка. Ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот, напиша Весна.

 

Кирил наполни 18 години❤️ @ktrenkos00 ❤️се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него , знаејќи дека е во…

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Saturday, April 17, 2021


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.