ММС

Објавено на: 04/17/21 7:07 PM

Во тешка година на пандемија не ги заборавивме и другите пациенти, рече д-р Жан Митрев

Доктор Жан Митрев беше дел од тимот на синоќешната трансплантација, втора по ред во нашата држава. Тој денес на средбата со новинарите рече:

-Беше пациент во тешка состојба, терминална срцева слабост и е укажана прилика да се направи трансплантација. Помина се во најдобар ред. Во оваа тешка година каде сме соочени со страшна пандемија каде цела година се бориме со најтешко болни пациенти, сепак, не ги забораваме и тешко болните од друга патолоигија, срцевата патологија Продолжуваме понатаму и се надевам дека многу други пациенти што чекаат на листа ќе добијат ваква шанса, рече д-р Митрев


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.