ММС

Објавено на: 04/17/21 6:59 PM

На момчето не му преостануваше многу живот, рече д-р Сашко Јовев по трансплантацијата

Доктор Сашко Јовев, кој го предводеше тимот на синоќешната, втора по ред трансплантација на срце во државава, на денешната средба со новинарите рече дека ова било единствениот начин да се спаси животот на младото момче.

-На младиот пациент не му преостануваше многу живот и немавме други опции, од оние опции кои спомнувавме, главно кај пациентите со срцева слабост. Сакам да оддадам посебна благодарност на семејството на дарителот и на некој начин да ја окуражиме јавноста дека ова е навистина правиот пат да му се помогне некому.  Се надвеам дека пациентот ќе остане добар, дека нема да имаме проблеми, како што веќе и е. Еве неколку часа по операцијата, комуницираме со него, се чувствува добро и се надевам дека ќе остане така. Се надевам на уште повеќе вакци соработки кои покажаа дека спасуваат животи и дека се успешни, рече д-р Јовев

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.