ММС

Објавено на: 04/17/21 5:48 PM

(ВИДЕО) Рај на земјата – Вилата на Роналдо од седум милиони евра

Полека привршува опремувањето на прекрасната вила на Кристијано Роналдо во Лисабон, чија вредност се проценува на над 7.000.000 евра.

Колку ќе биде специфичен овој имот сам по себе, покажува и фактот што дизајнерите мораа да ангажираат кран, за да внесат огромен кревет низ покривот, кој ќе биде сместен во спалната соба на Португалецот.

Интересно, трансформацијата на оваа вила опфати и инсталирање на голем мурал во стилот на Луј Витон, кој вреди над 400.000 евра, и кој ќе го краси големиот ходник на влезот во пентхаусот.

Кристијано Роналдо официјало стана купувач на овој имот во 2019 година, кога португалските медиуми потенцираа дека станува збор за најскапата аквизација досега во таа земја.

Ангажирани се дури пет дизајнери само во внатрешноста на вилата, се со цел да се задоволи вкусот на пребирливиот Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгрина Родригез. Споменатиот кревет, мурал и дури четири соби за деца, кои се украсени според нивните желби, се само дел од богатството што се крие зад тие ѕидови.

Говорејќи за други недвижнини што ги поседува, вреди да се спомене вила на португалската ривиера на околу половина час од аеродромот во Лисабон, потоа куќа во вредност од 5.500.000 евра близу Мадрид и седумкатен стан во Фунчал на островот Мадеира , што го купи во 2019 година. Неговата мајка Долорес и постариот брат Уго живеат во последниот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.