ММС

Објавено на: 04/17/21 4:49 PM

Среќен сум што мојот син доби ново срце – таткото на младиот Иле се заблагодари на семејството на Верче Белчовска

По синокешната транплантација на срце, денес прес конференција одржа одржа министерот за здравство Венко Филипче, на која присуствуваа и тимон лекари, како и татко на момчето, на кое му беше трансплантирано срцето.

-Среќен сум поради тансплатацијата на мојот син. Сочувство сакам да изразам до семејството на Верица, која млада го загуби животот и преку нејзините родители мојот син успеа да добие срце кое ќе му го продолжи животот, рече Цветко Стрезовски, татко на момчето и додаде:

-Мојот син боледуваше од јануари па наваму, имаше слабо срце. Срцето му работеше само 14 проценти и баравме донор. Му благодариме на Бога што се најде донор. Разговарав со синот добро се чувствува. Се е добро сега за сега, понатаму ќе видиме, изјави Цветко Стрезовски, таткото на детето кое доби ново срце и се забагодари до целиот тим кој успешно ја направи трансплатацијата.

На средбата со новинарите  се обрати и министерот Филипче, кој рече дека до раните утрински часови се направила и втората успешна трансплатација на срце во нашата земја.

-И покрај сите превземани лекарски мерки не можеше да се спаси на младата 20 -годишна пациентка Верица, но нејзиното семејство и покрај тоа што беше во шок и неверување, сепак се собраа сила и храброст и се согласија да ги донираат нејзините органи со што сакам да изразам голема благодарност. Направивме организација по принципот како што беше направена првата трансплатица од минатата година. Се направија мултидисциплинарните тимови и се експлантираа срцето, двата бубрези и за прв пат во нашата земја дел од коскениот систем. После селекција на пацинетите беше најден кандидат за трансплантација, а тоа е младиот пацинет Иле Стрезовски кој страдаше од декомпезација на срцето. Тоа е   форма што прави срцето слабо да пумпа некаде 10 проценти од целокупниот капацитет и не беше кандидат за ниту една друга интервенција, не беше кандидат за некоа друго механичко срце. Единствен спас беше трансплатација на срцето, рече Филипче.

Тимовите кои што работеа на трансплатацијата на срце беа предводени од д-р Сашко Јовев и д-р Жан Митрев, а членовите на нивните тимови беа д-р Шокревски, д-р Папестиев и  д-р Ристов. Во транспатацијата на бубрезите  работеле тимовите предводени од доктор д-р Дохчев и д-р Ставридис и експлантацијата од делот на коскениот систем предводени од доктор Трајановски и доктор Савески.

-Трансплатацијта помина добро целокупниот оперативен процес помина без никакви поголеми и сега младиот Иле е буден и се чувствува добро и му посакувам брзо закрепнување. Сакам да изразам голема благодарност на сите кленови до тимот кои што работеа до раните утрински часови. Бубрезите ги добија 27 и 40 годишен пациент, а за слдната недела се  планира имплантација на дел од коскениот систем на пациенти кои страдаат од малигни болести и дел од коските им  се зафатени со метастаза, изјави Филипче.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.