ММС

Објавено на: 04/17/21 3:12 PM

Млад пациент на дијализа доби бубрег од Верче Белчовска

Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа доби бубрег од почината Верче Белчовска.

Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за Урологија. Во моментов во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од  починатиот донор – соопштија од Министерството за здравство.

Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти  со ортопедски болести, најавија здравствените власти.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.