ММС

Објавено на: 04/17/21 1:41 PM

Битиќи: Прогресивниот данок нема да важи за ИКТ индустријта (видео)

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи зборувајќи за големиот раст на приходите, нови компании и нови вработувања во ИКТ индустријата во Макеодонија   и во време на пандемија, нагласи дека во наредниот период мора да се забрзаат превдвидените мерки и потези од владината програма со кои на оваа индустрија ќе и се овозмжи уште поповолен амбиент за работа

„ Ние планираме најдоцна до 2024 година целосно ослободување од данок на личен доход, но и бројни други даночни олеснувања, поволности и стимулации за нформатичката индустрија со цел да ја направиме уште поконкурентна во однос на регионот и пошироко, но и да овозможиме на тој начин нешто што можеби е и најбитно за оваа држава- намалување на одливот на мозоци и змаинување на нашите студенти и дипломци во странство.. Во таа насока прогресивниот данок што ќе се воведе нема да важи за ИКТ индустријата ,“ рече Битиќи, додавајќи дека  ќе се инсистира пред се на креирање на брендови и производство наместо аутсорсингот или  лон работата како што е во текстилната индустрија.

Според вицепремиерот и покрај пандемијата оваа година сите трендови и прогнози укажуваат дека ќе биде значително економски подобра.

„Имаме раст на даночните приходи по сите основи. Мал пад е забележан во индустриското производство и трговска размена, но тоа се вообичаени трендови што традиционално ги следат првите квартали од годината, Оптимистички се и најавите на меѓународни финансиски институции  кои прогнозираат раст од 4, 1 проценти за Македонија. Добра вест секако се и позитивините очекувања и оптимизмот што владее кај компаните и инвеститорите ,“ вели Битиќи потенцирајќи го сепак разочарувачкото однесување на партиите кои наместо сплотеност и заедништво во моменти на коронапандемија продуцираат нови поделби и кризи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.