ММС

Објавено на: 04/17/21 1:29 PM

Вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција: Во стабилна состојба е момчето кое доби ново срце

Во стабилна состојба е младиот пациент во кој продолжи да чука срцето на Верица Белчовска од Берово, а која загина во сообраќајна несреќа. За ова информираше министерот, Венко Филипче.

-Утрово бевме во визита на пациентот кој е во стабилна состојба. Да држиме среќа неговото тело да го прифати срцето. Силно верувам дека ќе ја имаме втората успешна трансплатација на срце, а младиот пациент ќе добие шанса во животот. Заради ваквите подвизи и хуманата природа на докторската работа вредат сите непроспиени ноќи во салите за операција – објави Филипче.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.