ММС

Објавено на: 04/17/21 9:03 AM

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце: Филипче му честиташе на неуморниот медицински тим

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Вака на социјалната мрежа Фејсбук штотуку се огласи министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој му честиташе на тимот кој неуморно работел цела вечер за операцијата да биде успешно завршена.

 Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.
Горд сум на моите колеги – додава Филипче во објавата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.