ММС

Објавено на: 04/17/21 8:34 AM

Младо момче доби ново срце: Успешно заврши и втората трансплантација на срце во Македонија

Откако министерот за здравство, Венко Филипче вчера најави дека ќе се прави нова  трансплантација на срце од починат донор, операцијата заврши успешно околу четири часот по полноќ. Срцето на дваесетгодишна девојка од Берово, која починала во сообраќајна несреќа почна да чука во телото на младо момче – потврдија за порталот А1 он од тимот на докторите кои ја изведоа успешно операцијата.

Бубрезите од девојката ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои се на дијализа, а веќе в понеделник се очекува повозрасен човек со метастази на коска на добие здрава коска.

Трансплантацијата уште вчера беше најавена од министерот  Венко Филипче, кој на полноќ објави фотографија со која информираше дека веќе се прават подготовки за операцијата.

Првата трансплантација на срце беше изведена минатиот мај, кога срцето на четириесет и тригодишната Емилија Динева почна да чука во телото на педесет и тригодишниот, Иван Огњановски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.