ММС

Објавено на: 04/16/21 11:17 PM

Вечерва се прави втора трансплантација на срце во Македонија, информираше министерот Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот профил на Фејсбук најави дека се подготвуваат за уште една трансплантација на срце. Без да објаснува детали министерот само најави:
-Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја.  Ова се дел од колегите на Кардиохирургија кои се дежурни вечерва, им посакувам многу успех на сите, да им држиме среќа, напиша тој.

Тој денеска на прес конференцијата рече дека почината е млада пациентка, чие семејство се согласило нејзините органи да бидат донирани.

„Имаме потенцијал да се направи уште една трансплантација кај нас. Имаме млада почината пациентка, има согласност од семејството  и сега се прават проверки за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти денеска се’ ќе се заврши, сега добивме согласност од  семејството на пациентката“. рече тој денес.

Доколку постои можност нејзиното срце да биде трансплантирано на друг пациент, лекарскиот тим ќе биде истот кој ја направи и минатата трансплантација – најави министерот.

Петок на полноќ се прави подготовка за втора трансплантација на срце во историјата на нашата земја. ❤️
Ова се дел од…

Posted by Венко Филипче on Friday, April 16, 2021


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.