ММС

Објавено на: 04/16/21 11:05 PM

Во Тексас носењето оружје станува полесно

Предлог-законот во американската држава Тексас кој дозволува поседување пиштол, без притоа да се има дозвола за носење, беше изгласан со мнозинство гласови во Претставничкиот дом, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Претставничкиот дом на Тексас, Предлог-законот, со кој се дозволува носење пиштол без да се бара лиценца или обука за стрелаштво, го испрати до Сенатот.

Предлог-законот беше усвоен со 84 „за“, наспроти 56 гласа „против“.

Се забележува дека Тексас има повеќе од 1,6 милиони сопственици на оружје со дозвола. Доколку законот влезе во сила, Тексас може да биде „држава со најголем број оружја без притоа да се има дозвола за носење“.

Демократските членови на Претставничкиот дом се спротивставуваа на Нацрт-законот што го олеснува носењето оружје со образложение дека може да го зголеми насилството.

Дозволата за носење оружје во Тексас чини помеѓу 100 и 150 американски долари. Од сопствениците на оружје се бараше да имаат практика за користење на оружјето и документ за тоа дали имаат криминално досие.

Нацрт-законот ќе стапи на сила доколку биде усвоен од Сенатот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.