ММС

Објавено на: 04/16/21 7:48 PM

(ВИДЕО) Најциничниот прекршок што сте го виделе во последно време, доаѓа од женскиот фудбал

Женскиот фудбалски тим на Северна Ирска за првпат се пласираше на еден голем турнир, поразувајќи ја селекцијата на Украина со 2:0 во ЕУРО плеј-офот.

Со вкупен резултат од 4:1, девојките беа убедливи против својот опонент, но она што беше во центарот на вниманието, со должна почит кон сите партиципиенти на дуелот, не беше поврзано со играта, резултатот или самиот пласман на Европското првенство во 2022 година.

При 1:0 скор за домаќинките, фудбалерката Сара МекФеден доби одличен пас кој ја „исфрли“ практично во еден на еден ситуација со голманката од противничкиот табор и кога се стекна впечаток дека таа ќе се запише во листата на стрелците – бум, бесрамен и исклучително циничен старт, чија цел беше само да се повреди и спречи нападот, а не да се таргетира одземање на топката.

Дефанзивната фудбалерка Натија Пантсулаја, буквално ја „разнесе“ МекФеден и веднаш се упати кон соблекувалните, знаејќи го крајниот исход од неспортскиот старт. Судијата ја исклучи од игра, а покрај поразот и елиминацијата, Пантсулаја ќе биде запаметена и по нефер плејот и безобразлукот на зелениот терен.

 

 

 

 

Фото:

Тwitter / @FootyRustling / Screenshot

д.ј

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.