ММС

Објавено на: 04/16/21 3:30 PM

Се вакцинираше Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја прими првата доза на вакцината против Ковид 19 на англиско-шведската лабораторија Астра Зенека, објавил портпаролот на германската влада.

-Задоволна сум што ја примив денеска првата доза од Астра Зенека, рекла германската канцеларка во Твитер порака која ја пренел портпаролот на владата Штефен Зајберт.

 

Тој покрај нејзината изјава, ја објавил и потврдата за примената вакцина.

-Им се заблагодарувам на сите кои учествуваат во оваа вакцинација и сите кои се вакцинираат, додала во Твитер пораката Меркел, која смета дека „вакцинацијата е клучот за излез од пандемијата“.

Меркел (66) спаѓа во старосната категорија која може да се вакцинира со Астра Зенека.

Извор: B92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.