ММС

Објавено на: 04/16/21 3:06 PM

Црногорците со оригинална идеја – Крстиле полжав по Новак Ѓоковиќ

Во Црна Гора е откриен нов вид на полжав кои двајцата научници кои го пронашле, го крстиле по најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Новиот вид „травунијана ѓоковиќи“ го откриле словачкиот биоспелеолог Јозефв Грего и професорот на универзитетот Црна Гора, Владимир Пешиќ кој за црногорските медиуми рекол дека полжавот бил откриен на извор во близина на Подгорица.

Пешиќ истакна дека и самите локалитети на кои е пронајден новиот вид се ретки и загрозени и се надева дека Новаковиот полжав толкму поради името ќе привлече внимание на нив со цел да се спасат од исчезнување.

– Сигурни сме дека Новак слушнал за нашето откритие и дека му е мило што е единствен спортист на светот по кого е крстен нов вид на животно – вели Пешиќ.

 

Извор и фото: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.