ММС

Објавено на: 04/16/21 2:25 PM

Ако не успее, ќе посвоиме дете – Гоца Тржан замина на ин-витро во Прага

Гоца Тржан отпатува во Прага на вештачко оплодување. Пејачката и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ по четврти пат на овој начин ќе се обидат да станат родители.

После три неуспешни обиди во Србија, Гоца се упатила во главниот град на Чешка.

-Гоца и Раша веќе шест години водат макотрпна борба за потомство. Таа минатата есен се обидела да забремени со вештачко оплодување, но не успеало… Поради тоа решиле помош да побараат надвор од границите на Србија. Слушнале дека во Прага имаат одлични клиники, а пријателите им препорачале еден врвен експерт од оваа област, рекол изворот.

Пејачката која од бракот со Иван Маринковиќ има ќерка Лена, не се откажува од желбата на Раша да му подари бебе.

-И покрај неуспешните обиди, Гоца е оптимист. Никогаш не дозволи борбата да ја скрши и да крене раце од детето. Со оглед на тоа дека клиниката во Прага има голем процент на зачнувања и кај жени постари од 40 години, верува дека овој пат ќе забремени, рекол соговорникот

Извор: Курир.рс

Фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.