ММС

Објавено на: 04/16/21 1:51 PM

Никаков хеликоптер не беше побаран во разговор со докторот – ЦУК го презентираше извештајот за трагедијата во Емирица

На денешната прес конференција  директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов за извештајот околу настанот во село Емирица, кратовско рече дека веднаш после овој настан формирал комисија која имаше задача да го испита целиот настан, да утврди дали има грешки во самите стандардни оперативни процедури или мапа на процес, и доколку има истите да ги детектира и отстрани, дали има грешки во почитувањето на овие мапи и доколку има ќе бидат превземени санкции и на крај ќе излезе со заклучоци,  за да во иднина жне се случуваат вакци работи.

Тој го повика Љупчо Крстевски, самостоен референт во дежурниот центар во Кратово, кај кој што прв пат дошла информација дека на лице во Емирица му е потребна помош:

-На 31-ви околу пладне пристигна возачот на Брза помош и побара кој е вработен во Центарот да пренесе една информација. Ме извести дека имале случај за село Емирица, и дека патувајќи од браната кон селото има заглавено две возила, незнаев какви возила. Поради веродостојност на информацијата се обратив во Здравствен дом Кратово и каква е состојбата. Тие рекоа дека возилата се заглавени и ќе треба да продолжат пеш и да одатчас и половина. Ми рече и дека е потребно возило и неколку лиге.  Го известив раководителот на подрачното одделение во Кратови и во регионалениот центар во Куманово и што треба да превземеме. Добив насоки да се обратиме во ЦУК, а го прашав и што да правиме ако се искомплицира состојбата и ако побараат хеликоптер, рече тој на пресот и додаде:

– Прво треба да се извести МВР и градоначалникот, а по градоначаникот повратно да се извести МВР. Бидејќи не беше побаран хеликоптер ниту од директорот на Здравен дом, ниту од докторот на терен, тоа така си остана. Потоа се јавив на секретарот каква е состојбата, кој ми кажа дека се пристигнати на терен, но неможеле да дадат инфузија во рака, туку во нога. Мојот претпоставен имаше контакти со други служби за теренско возило. Имаше моменти кога се јавуваа на субјектите во Кратово кои имаат такви возила. Јас не бев во тие разговори. Ниту еднаш немам изјавено дека ние, како ЦУК не сме надлежни за таа работа. Ако е така ние немало ништо да превземаме. А ние цело време бевме во тек, дури мојот раководителот по 20 часот имал контакт со докторот, рече Крстевски.

Свое видување за настанот даде и Тони Ивановски советник и раководител на ЦУК Кратово.

-Кога оперативецот ме извести дека екипа отишла да интервенира во село Емирица, најоддалечено село во општината,  јас телефонски се јавив на институциите да помогнат со теренско возило, да помогнат за да го донесат пациентот. Никој а ни јас, нема кажано дека не сме надлежни.  Ако е така зошто би вртеледа бараме теренско возило. Подоцна сум известен дека на докторот му е нудено теренско возило од матичната институција, од Брзата помош да му помогне, но тој има одбиено. Јас во два-три наврати се јавив на доктрот да ми каже каква е фактичката состојба, а тој ми рече дека се подготвуваат да го носат на носилки пациентот. Ми рече колку луге биле толку, а биле внукот на човекот, неговиот кумашин и медицинскиот персонал и  ќе го донесат на носилки до нивното возило, за да го транспортираат до болница. Ми рече  треба пациентот да се згрижи болнички. Гледал дека не е проблем со пациентот со измрзнување, туку треба да се провери во медицинска установа и да се згрижи болнички. Хеликоптер во никој случај не беше побарано. Тој хеликоптер незнам од каде во статутот го напиша, а социјалните мрежи го проширија. Никаков хеликоптер не беше побаран во разговор лично со докторот. Хеликоптер писмено треба градоначалникот да побара до МВР и до дирекција за заштита и спасување за да тие интервенираат, рече тој.

Ангелов, пак, рече дека има пропуст во стандардни оперативни процедури, однодно мапи на работа.

-Со цел да се избегнат одредени злоупотреби, ние го детектиравме проблемот за во иднина да не ни се случуваат вакви работи. 195 е повикувачкиот број на ЦУК, кој никој не го знае. Лугето по инерција ѕвонат на полиција. Во иднина  во функција ќе биде бројот 112 за да нема вакци случаи, рече тој.

На прес конференцијата се обрати и д-р  Стефко Стефковски, раководител на секорот на аналитика во ЦУК и доктор по кризен менаџмент, кој ја водел комисијата која ја испитуваше овој случај:

-Веднаш по информацијата за настанот директот донесе решение за формирање на комисија чија задача беше утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес. Од 6 до 12 овој месец комисијата  изготви информација која пред два дена беше доставена до директорот. Комисијата се водеше по следната методологија: анализа на мапите на работен процес, анализа на писмените добиени информации и разговорите со вработените на трите нивоа. Опис на настанот, детална анализа со констактирана, пропусти во мапите на работен процес и дадовме сеопфатни предлози за акции за надминување на слабостите и пропустите. Пропуст се самите мапи на работен процес кои се со постар датум, од 2015 и постои  неажурираност. Недостатоци на непропишување на податоците, евиденција на разговорите, како и технички недостатоци, снимање на разговори и пренесување на информациите до јавноста. Вработените кои што биле на работните места и ги извршувале работните задачи не превземале одредени известувања. Пропуст на локално ниво е што не е известено подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кратово, нема известување односно побарување на дополнителни ресурси како што е армијата, рече тој.

Стојанче Ангелов истакна дека пациентот имал тежок мозочен удар и останал на ниски емператури останал цела ноќ, а докторот не носел носилки и импровизирале со колци.

-Целиот систем за управување со кризи има слабости, пренатрупани проблеми и систематска слабост, кој ќе биде надмината во наредниот период. Ова е слабост во пишаните процедури, потенцира Ангелов.

На новинарско прашање дали нема да има одговорност, тој рече дека врз основа на овој извештај ќе формира дисциплинска комисија, па Јавното обвинителство ке утврди дали постои кривична одговорност.

Откако ќе се расчисти случајот докторот ќе предложиме за одликување, медал за докторот кој што направил се што може, но прво да видиме дали се почитувани протоколите, рече Ангелов.

Моника П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.