ММС

Објавено на: 04/16/21 1:28 PM

Старлети и пејачки ваделе ребра за потенок струк

Животното мото на многу славни дами гласи „убавината не знае за болка“.

Желбата за што подолго да изгледаат млади и убави, многу пејачи, актерки, па дури и модели им вбризгуваат сопствена крв во лицата, вметнуваат силикони , а најекстремните дури и ги отстраниле ребрата за да им направат половината што е можно потесна.

МИНА КОСТИЌ

Пејачката Мина Костиќ е една од првите српски пејачки која вгради силикони во градите, а се шпекулираше дека ги извадила ребрата за да има потенка половина.

Костиќ никогаш не го признала ова, а доказ е тоа дека и покрај нејзините години времето како да застанало, таа изгледа совршено.

СТОЈА

Фолк ѕвездара Стоја Новаковиќ ги шокираше своите обожаватели и целата домашна јавност пред 17 години кога направи тотална промена на имиџот за промоција на нејзиниот албум, на кој се истакна како хит-песна „Жена старија“.

Стоја се појави на сцената „Гранд“ каде пееше нови песни, и никој не можеше да ја препознае! Жешката бринета стана русокоса, а фигурата непрепознатлива! Стоја секогаш имаше неколку килограми вишок.Но, имаше период кога таа ослабе, поточно сите мислеа дека таа ги извадила ребрата.

Сепак, Стоја беше само на ригорозни диети, а поради големите силикони кои ги вгради, половината и се чинеше уште потенка. Барем така објасни таа.

СОРАЈА

По бројните естетски зафати на своето тело, стралета Сораја Вучелиќ реши да направи уште една, нешто покомплицирана, па ги извади последните неколку ребра за да има што е можно потесен струк.

Откако ги поправи носот, јаболчниците, ги зголеми градите, задникот и ги зголеми и усните, а потоа и избелувањето на забите, Сораја, наводно, решила да се збогува со неколку ребра засекогаш за да ја направи потесната половина. Сораја изјави по гласините дека ги извадила ребрата:

– Хирург не може да направи нешто убаво ако веќе немало добра основа. Не можам да го променам моето тело. Јас сум слаба, имам убави, долги нозе, тенка половина … Ова се некои работи на кои не можев да ги доградам – ​​рече Сораја и додаде дека многу работи кои ги поседува и биле препишани на пластичните операции.

АНА КОРАЌ

Поранешната натпреварувачка во реалноста и старлета Ана Кораќ издвои 7.000 илјади евра за да ги отстрани ребрата:

Ана наводно отишла на операција за стеснување на половината каде и биле извадени ребрата, а за тој платила околу 7.000 евра.

– Ана отсекогаш сакала да има бујни облини и тенок струк, а еден од мотивите за влез во реалното шоу беше да заработи пари за бројни козметички корекции. Најмногу заштеди за операцијата на стеснување на струкот, поради што отпатува во Турција, на клиниката каде работи еден од најдобрите хирурзи за естетика – изјави за Ало извор близок до Ана

СТАНИЈА ДОБРОЈЕВИЌ

Таа е жена која секогаш привлекувала големо внимание со својот физички изглед, но една од фотографиите предизвика најжестока полемика досега, како и коментари дека старлетата ги извадила ребрата.

Станија во повеќе наврати ги демантираше овие обвинувања и секогаш истакнуваше дека практикува напорни тренизи за да изгеда совршено.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.