ММС

Објавено на: 04/16/21 1:11 PM

Кошаркарите во понеделник ќе добијат нов селектор, Александар Тодоров е минато

Кошаркарската федерација соопшти дека во понеделник ќе го промовира новиот селектор на машката сениорска репрезентација кој ќе го наследи Александар Тодоров.

Иако се уште не е потврдено, најверојатно решението на претседателот Перо Антиќ ќе биде тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ.

Бајиќ речиси цела кариера е тренер на тимот од Бања Лука кој е најпријатно изненадување сезонава во АБА лигата.

„Кошаркарската федерација ве повикува на прес-конференција која ќе се реализира на 19. април (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ (улица „Никола Вапцаров“ број 10) во Скопје.

На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација“, кратко соопшти КФСМ.

Федерацијата веќе донела одлука за нов селектор, но не соопшти дека официјално раскинала со Тодоров кој ја водеше Македонија во квалификациските циклуси за пласман на ЕП 2022 и претквалификациите за СП 2023.

 

 

Орце Костов

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1