ММС

Објавено на: 04/16/21 12:19 PM

Сепак ќе има испитување за присуство на антитела на товар на Фондот, но според соодветни критеируми

Откако Институтот за имунологија соопшти дека веќе нема да има бесплатно испитување за присуство на антитела, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека оваа опција и понатаму ќе постои, но ќе се воведат одредени критериуми.

„Зборував со директорите на Институтот за имунологија и на Фондот за здравствено осигурување. Вчера стигнало известување во Институтот дека тоа не треба да се прави, но разговаравме телефонски и заклучивме дека има категорија на граѓани кај кои има индикација да се прават тие испитувања“, изјави денеска Филипче посочувајќи дека е договорено одлуката да се врати.

„Ќе се прават испитувања за присуство на антитела на товар на Фондот, но ќе дадеме соодветни критериуми. Да не биде дека секој, било кој може да го направи тоа испитување затоа што финансискиот терет е премногу голем. Значи согласно тоа дали прележале или не прележале или треба индикација за вакцина во одреден период, ќе дадеме критеируми и граѓаните се уште ќе може овие испитувања да ги прават на товар на Фондот“, објасни министерот.

Негoвата изјава следува откако директорот на Институтот за имунолгија, Александар Петличковски вчера потпиша известување во кое се наведува дека од 15-ти април нема да се прават тестoви за концентрација на антитела кон SARS-CoV-2 на товар на ФЗОМ.  Инаку, ваквата услуга на приватно чини 736 денари.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.