ММС

Објавено на: 04/16/21 11:11 AM

Најмалку осум мртви и 60 повредени во оружен напад во Индијанаполис, напаѓачот се самоубил

Полицијата во американскиот град Индијанаполис потврди дека напаѓач пукал по зградата на ФедЕкс и притоа убил најмалку осуммина, а биле ранети 60 луѓе.

Голем број на луѓе стигнаа на местото на пукањето за да слушнат што се случило со нејзините блиски кои работеле во погонот на Федекс.

– Скокнав од креветот, ги грабнав клучевите и дојдов тука – рекла Ешлиу Форд која добила повик од внукот дека во зградата на ФедЕкс имало пукање. За Индијанаполис Стар рекла дека ништо не знае и дека татко и работел 20 години во компанијата, но не и се јавил како што тоа го правел секоја вечер.

Портпаролот на полицијата, Џин Кук истакна дека вкупно се девет жртви, вклучувајќи го и напаѓачот кој си го одзел животот, па властите сметаат дека повеќе нема активна закана за заедницата.

До пукањето дошло кај објектот на ФедЕкс на улицата Мирабел доцна во четвртокот во близина на меѓународниот аеродром.

 

Извор: 24sata.hr

Фото:ajc.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.