ММС

Објавено на: 04/16/21 8:36 AM

Зошто хаските имаат сини очи?

Кај повеќето кучиња, бојата на очите е поврзана со бојата на косата. Но, тоа не е случај со сибирската Хаска.

Истражувачите од Бостон, одделот за биомедицина во Ветеринарниот сектор, успееа да користат ДНК анализа за да ја откријат причината за овој феномен кај сибирските хаски.

Нивниот тим ја откри врска помеѓу кучешкиот хромозом важен за развој на очите кај цицачите – хромозом 18, кој носи тандем дуплирање во близина на генот ALX4 – и сините очи, карактеристични за хаските.

Сепак, австралиските овчари имаат сини очи од истата причина, па истражувачите дошле до заклучок дека гените не се единствените кои влијаат на бојата на очите, но дека и други фактори имаат одреден удел, пишува petmagazine.rs.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.