ММС

Објавено на: 04/16/21 7:41 AM

Блокиран петтиот пакет мерки сред пратеничко инаетење

Доцна синоќа претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата, пред гласањето на петтиот пакет антикризни мерки. Џафери не успеа да обезбеди кворум за гласање. Тројца пратеници од мнозинството, според координаторот Јован Митревски се во болници, додека опозицијата обвинува за политикантство од страна на власта.
Џафери се обиде да ги убеди пратениците од пред вратата да влезат и да гласаат, но не успеа. Држеше нервозен монолог поради тоа што не успеа да обезбеди кворум. Опозицијата инсистираше да се влезе и да се гласа само за петтиот пакет мерки, додека Џафери деловнички бараше да се расправа дневниот ред од по 32-рата седница, па потоа да се гласа.Џафери пресече.
-Очигледно забарикадирано во одлуките, Собранието е условено за начинот на работа, а очигледно вака ако одат бројките со инфекцијата, утре имаме претседателство на Собранието, веројатно ќе биде тема, една од точките и прашањето за карантин за Собранието… Па не се смеј.. што се смејш, што да правиме, мора да објавиме карантин за Собранието, а има инфекции. Овде ја прекинувам работата, за продолжување на седниците, дополнително ќе бидете известени, кажа Џафери
Опозицијата инсистираше да се влезе и да се гласа само за петтиот пакет мерки, додека Џафери деловнички бараше да се расправа дневниот ред од по 32-рата седница, па потоа да се гласа. Координаторот на ВМТРО ДПМНЕ, Никола Мицевски обвини дека со ова однесување, Џафери се обидува да го одложи гласањето за мерките, бидејќи власта нема пари.
-Немаше кворум, требаше да ја затвори таа седница, да ја започне 36 седница која што ја закажа за после 18 часот. Отпочни ја седницата, тука беа пратениците од целата опозиција,ќе ги изгласавме овие пакет мерки и се ќе завршеше. Очигледно некој сака да направи некоја слика во државата или пак буџетот им е празен и немаат доволно средства за да ги исплатат парите коишто се во тој петиот пакет мерки за граѓаните и компаниите, изјави Мицевски по прекинувањето на седницата.
Бројни се реакциите во јавноста, која почна со обвинувања до пратениците, со барање да се кажат со име и презиме сите кои го одолговлеуваат донесувањето на мерките, кои треба да обезбедат плата за работниците за февруари и март.
Според неофицијалните најави, се очекува денеска да се направи нов обид за гласање за пакетот мерки.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.