ММС

Објавено на: 04/16/21 7:13 AM

Облачно со ветер, дожд и снег за викенд

Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне, а попладне облачноста ќе се зголеми,  кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен  ветер.

Максималната температура ќе се движи  од 11 до 17 степени. Во Скопје умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 15 степени.

Времето утре ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во недела  ќе биде променливо облачно, во утринските часови и попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во понеделник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во источните делови од земјава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.