ММС

Објавено на: 04/15/21 11:04 PM

Велика Британија ќе ги повлече војниците од Авганистан

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, изјави дека ќе го поддржи повлекувањето на британските војници кои се наоѓаат на должност во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Раб на својот профил на Твитер објави дека неговата држава одлучно стои до НАТО и авганистанскиот народ за да го поддржи стабилниот Авганистан кој ќе има помирна иднина.

Тој, исто така, нагласи дека ќе го поддржи повлекувањето на британските трупи од Авганистан.

Британскиот министер за одбрана, Бен Валес, во соопштението изјави дека народот на Авганистан заслужува мирна и стабилна иднина.

„Додека се повлекуваме, безбедноста на нашите луѓе кои служат во Авганистан и понатаму ни е приоритет. Согласни сме дека на нападите на сојузничките држави следува силен одговор“, порача Валес.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера по состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на Советот на НАТО изјави дека земјите членки се обединети во ставот повлекувањето на силите од Авганистан да започне од 1 мај.

„Денеска донесовме одлука за иднината на нашето присуство во Авганистан“, изјави Столтенберг, кој додаде дека војниците на НАТО кои се во Авганистан 20 години, од таа земја ќе започнат да се повлекуваат од 1 мај.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.