ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/15/21 5:05 PM

Новиот Opel Crossland – Убавината и храброста одат заедно

  • Уникатен дизајн: Crossland го носи новото „лице“ на брендот, премиерно претставен кај новата Opel Mokka;
  • „Opel Vizor“: нов визир за нов визуелен потпис, интегриран во предната решетка и фаровите;
  • За ентузијастите: спортска верзија GS Line со карактеристична комбинација на црна и црвена боја;
  • Извонредна разноврсност: лизгачки задни седишта и до 1.255 литри волумен на багажникот;
  • Одлична удобност: по избор со нови ергономски, AGR-сертифицирани седишта со алкантара;
  • За секоја површина: сега со адаптивна контрола на влечење IntelliGrip;
  • Еуро 6d: сите бензински и дизел единици ги исполнуваат најстрогите стандарди за емисија на штетни гасови

Новиот Opel Crossland е многу повеќе од само убаво лице. Разновиднoста е таа што го издвојува. Стил кој е подготвен на сè. Од смелиот и оргинален визир до чистиот и практичен ентериер, Crossland е флексибилен SUV за секојдневно уживање, со уникатен дизајн кој привлекува погледи каде и да одите.

Овој модел носи нова димензија на чист прогресивен дизајн. Германски инжинеринг што ги задоволува сите ваши потреби. Со релаксиран, самоуверен стил и комфорнa SUV положба, тој е совршен за секој.

Свеж и компактен од надвор. Сосема природно ги интегрира предната маска и фаровите т.е. новиот визир кој се протега од едниот до другиот крај, по целата должина на предницата. Визирот оптички го проширува и мошне ефикасно ги организира предните елементи, преточувајќи го во чист и современ дизајн, оставајќи амблемот на Брендот да доминира во средишниот дел.

Одзади, затемнетите LED стоп светла го заокружуваат стилот и прегледноста и претставуваат уникатен светлосен потпис на Opel кој е во форма на крила. Тука се нагласува и сјано црна боја на задната врата, како и новиот симбол, кои го истакнуваат неговиот широк и моќен дизајн.

Внатре ќе Ве дочека практична и просторна кабина. Ќе уживате во супериорната удобност на седиштата Alcantara, интуитивно управување и подигната положба на седење типична за SUV возилата.

Новиот Opel Crossland: сега во понуда за 15.290 € со 1.2 бензински мотор, 83 КС и “EDITION” ниво на опременост!

Убаво лице, плус врвни технологии? Во компактен SUV?

За повеќе информации обратете се кај дилерската мрежа, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“ – Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за Opel.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1