Застана имунизацијата во Македонски Брод
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/15/21 4:15 PM

Застана имунизацијата во Македонски Брод

Последните два дена во Здраствениот дом во Македонски Брод, не се врши вакцинација на лицата под 75 годишна возраст а причина е неможноста на граѓаните да ја отворат апликацијата „Мој термин” и да се пријават, тврди директорот на Здраствениот дом, д-р Жарко Симески.

– Откако ја завршивме имунизацијата на граѓаните кои се пријавија на „Мој темин” а беа на возраст над 77 години, очекувавме вакцинацијата да продолжи со нешто помладата популација на 73 и 74 годишна возраст, што беше најавено и од Министерството за здраство, истакна директорот и ги нагласи причините поради кои имунизацијата е во застој.

– Поради неможноста на оваа возрасна група да се пријави за имунизација и да продолжи оваа операција, кај нас веќе два дена не се одвива вакцинацијата, додаде Симески.

Имаме на располагање уште 50 вакцини на Астра Зенека и планиравме, ако се течеше според планот , до крајот на неделава да ја потрошиме оваа залиха, додава Симески и најави дека утре ќе оди за Скопје и ќе стапи во контакт со луѓето од министерството, ќе им го предочи постоечкиот проблем и ќе побара имунизација да продолжи што поскоро.

 

 

 

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7