ММС

Објавено на: 04/15/21 2:07 PM

Во Штип одбележан Светскиот ден на уметноста

НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип од денеска е домаќин на ликовната изложба „Дело на НУКЦ „Ацо Шопов“ по повод Светскиот ден на уметноста – 15ти април.

-„Изложени се 16 апстрактни дела, цртежи, графики и акварели, од повеќе автори и создавани во подолг временски период – објасни уметникот, Ристе Мицевски.

Сликите на изложбата кои во фоајето на Домот на културата ќе бидат поставени до 15 – ти мај, се збирка од дела кои авторите ја оставиле да сведочат за активностите кои познати уметници ги имале во Домот на културата.

– Со отворањето на оваа изложба сакаме да придонесеме за културно воздигнување на граѓаните и опуштање од монотоното секојдневие. Секој кој сака може да ги погледне делата од понеделник до петок, во период од 10.00 до 18.00 часот  – изјави директорот на НУКЦ „Ацо Шопов“, Горан Трајков.

Тој додаде дека во текот на мај се планира реализација на проектот „Нечии очи“. Претставува парадигма затоа што сите носиме маски и не можеме да ги видиме нашите целосни изрази.

– За жал и оваа година денешниов ден го чествуваме во време на пандемија, што само по себе говори дека сиов раскош на овој ден треба да го подредиме според мерките кои треба да ги почитуваме. Штип е еден од центрите на културата и уметноста и тука се имаат реализирано серија уметнички и хуманитарни изложби. Со оваа, само уште еднаш сакаме да потврдиме дека уметноста не трга од суровоста во која живееме, може да не зближи и сплотува, не тера да се чувствуваме пријатно и да се гордееме со тоа дека сме штипјани. За нас како Општина од голема важност е да ја гаиме културно – уметничката дејност. И во ова време – невреме ќе го одбележиме 15 ти април – денот на уметноста со сите мерки кои ги наложува СЗО – рече градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

Петнаесетти април покрај тоа што е ден кога се слави уметноста е и ден кога бил роден италијанскиот великан – Леонардо да Винчи.

А.П.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.