ММС

Објавено на: 04/15/21 1:42 PM

Се повеќе мажи жртви на семејно насилство

Во изминатите два дена по неколку пријави за семејно насилство се евидентирани во тетовската полиција,  а карактеристично е што кај поголемиот дел и сторители и жртви се машките лица.

Вчера во Џепчиште 27 годишен син го пријавил таткото дека го нападнал, а 44 годишник од Челопек го пријавил стрикото. Претходниот ден 27 годишник од Тетово е пријавен од таткото дека агресивно се однесувал и му се заканувал. Педесетгодишник од Селце е пријавен од сопругата за психичко и физичко малтретирање на неа и четирите деца.

-Во првите три месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се вкупно 26 кривични дела поврзани со семејно насилство кои целосно се расчистени и заокружени со соодветни поднесоци. Најголемиот број од кривичните дела-14 биле со нанесување на телесни повреди и со загрозување на сигурноста-12. Најмногу од сторителите на овие дела, односно од извршителите на семејното насилство во периодот за кој станува збор биле машки лица, претежно сопрузи, вонбрачни или поранешни сопрузи  потоа деца, родители и така натаму, додека меѓу „жртвите“ на ваквиот вид насилство најбројни се сопругите и татковците, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во првиот годинашен квартал до Секторот за внатрешни работи Тетово, исто така, биле поднесени и 48 поплаки кои се однесувале на семејно насилство. Најмногу од оние на тетовското подрачје се поплакувале за физичко малтретирање. Сите поплаки се адекватно расчистени со поднесоци.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.