ММС

Објавено на: 04/15/21 1:03 PM

Почна снимањето на навивачката химна на Македонија „Одиме на Европско“

Со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија, „Одиме на Европско“ е прогласена за официјална навивачка химна на фудбалската репрезентација на Македонија за претстојното Европско првенство.

Спотот за истата ќе се снима во неколку градови низ македонија, Свети Николе, Велес, Крушево, Битола, Охрид и Скопје, а ќе биде промовиран на крајот од месецов.

Коавтори на песната се Пеце од „Суперхикс“ и Саше Љотес, а на снимањето учествуваа и членовите на бендот ВИС Рисови, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев.

Видео записот го снима Мелем продукција во панорамскиот автобус кој е симбол на спортските успеси, а во спотот се појавува и автомобилистот Игор Стефановски Иџе.

Фото: Фејсбук

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.