ММС

Објавено на: 04/15/21 12:45 PM

Приведен штипјанец, ја демолирал куќата а го нападнал и 77 -годишниот татко

Штипјанец „дивеел“ во сопствената куќа. Ја оштетил покуќнината, агресивно се однесувал кон сопствениот 77-годишен татко а се обидел и физички да го нападне со тврд предмет. Полицијата го уапсила.

„На 14.04.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Љ.М.(44) затоа што околу 12.15 часот во семејната куќа  во Штип ја оштетувал покуќнината, агресивно се однесувал кон неговиот 77 – годишен татко, а се обидел и со тврд предмет да го нападне,“ информираат од СВР Штип.

По комплетирање на случајот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.