ММС

Објавено на: 04/15/21 11:23 AM

Неверојатна трансформација на 86 годишна баба: Милоратка сега е филмска ѕвезда

Младиот уметник Александар Драмицанин покажа колкава е моќта на добрата фризура и шминка кога својата Баба Милоратка (86) потполно ја трансформираше. Тој оод неа направил вистинска убавица која потсетува на филмска ѕвезда.

Милоратка која живее во село до Ивањица, според тврдењата на нејзиниот внук, не се шминка и не ја бојадисува косата, но Александар за време на карантинот дошол до идеја да ја убеди на оваа трансформација.

-Мојата баба како и поголемиот број на жени кои живеат во село, не се шминка, не ја бојадисува косата и носи марама. Но, таа е жена која плени со нејзината внатрешна убавина и така дојдов на идеја да ја средам, рекол Александар и додал:

-За време на карантинот престојував кај моите во Ивањица и ја искористив приликата да ја убедам. Кога ја нашминкав и кога се виде во огледало се насмеа, несвесна за својата убавина.

Александар веќе 15 години работи во Белград и фотографиите од својата баба ги сподели на социјалните мрежи, а нејзините урамени портрети ги закачил на ѕидот во салонот.

-Покрај сите убави жени кои сум ги средувал, таа е онаа која најмногу ме инспирираше, рекол Александар.

Извор: Мондо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.