ММС

Објавено на: 04/14/21 10:04 PM

Германија ќе ги следи САД вo повлекувањето на своите трупи од Авганистан

Германија ќе ги следи Соединетите Американски Држави (САД) во однос на повлекувањето на своите трупи од Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, во изјава за телевизијата АРД (ARD) рече дека ова прашање ќе се дискутира во НАТО на состанокот на кој ќе учествуваат министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО, откако САД соопштија дека ќе ги повлечат своите трупи од Авганистан на 11 септември.

Крамп-Каренбауер, на прашањето дали Германија ќе ги повлече своите трупи од Авганистан заедно со САД, рече: „Ние секогаш кажувавме ‘Влеговме заедно, ќе заминеме заедно‘. Јас сум за уредно повлекување. Затоа, претпоставувам дека таквата одлука ќе биде донесена денес.“

Одговорајќи на прашањето дали 11 септември значи и датум за повлекување на германските војници, Крамп-Каренбауер нагласи: „Ова значи дека нашите планови и во НАТО ќе ги синхронизираме со плановите на САД.“

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека неговата земја ќе ги повлече своите трупи од Авганистан до 11 септември и рече дека со сојузниците од НАТО ќе разговараат за повлекувањето.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.