ММС

Објавено на: 04/14/21 3:29 PM

Таа имала 18, а тој 44 години – која е жената поради која Бочели ја остави сопругата, а за нивната прва средба уште се раскажува

Андреа Бочели е во среќен брак со Вероника Берти, која од него е помлада 26 години.

Андреа (62) и Вероника (36) се запознале во 2002 година на една забава. Вероника тогаш имала 18 години. Нивната љубов започнала како на филм, откако тој истата вечер кога ја запознал и отпеал арија. Песната всушност неа ја освоила.

-Сите беа таму и тоа беше навистина убав момент. Беше тоа најбрз почеток на врска бидејќи се зближивме истата вечер, се присетил Бочели на запознавањето на сопругата во едно интервју.

Парот никогаш не се занимавал со големата разлика во годините, а Андреа објаснил дека големата разлика е всушност традиција во неговото семејство и нешто што е рабирливо.

-Помеѓу моите родители исто така има голема разлика. За тоа сум навистина религиозен, а разликата во годините е нешто што често го среаваме во библиските бракови, рекол оперскиот пејач. Тој додал како со сопругата најмногу го поврзува музиката.

Андреа тогаш бил во брак со поранешната сопруга Енрика Кензати, со која има два синови, но од неа се развел набрзо откако ја запознал Вероника.

Вероника во 2012 година со италијанскиот тенор ја добиле ќерката Викторија, а тој среќен момент парот го одбележал со песна, поточно заедничка изведба на љубовната песна „Qualche Stupido“. Две години подоцна Андреа ја одвел Вероника пред олтар, 21. Март 2014 година се венчале на бајковита церемонија во Тоскана.

Денес живеат во Италија, а во текот на минатата година заедно се посветиле на борбата против корона вирусот, кој и двајцата го прележале и успешно се опоравиле.

Извор: Glossy.espreso.co.rs

Фото: Profimedia


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.