ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/14/21 2:32 PM

Австралиско племе го смета принцот Филип за Бог – „Неговиот дух продолжи да живее, бара ново тело“

Началникот на едно јужнопацифичко село кое го обожавало принцот Филип со религиозен жар рекол дека неговиот дух „живее се уште“ и сега бара ново тело.

 

Луѓето од ова село на островот Тана во Вануату со децении го почитувале принцот Филип, кој почина во замокот Виндсор минатата недела на 99 години. Шефот Алби рекол дека не е јасно како верските движења ќе се променат после смртта на принцот, бидејќи селаните веруваат дека неговиот дух сега бара нов „дом“.

-Духот на принцот Филип го напушти неговото тело, но тој живее и понатаму. Прерано е да се каже каде ќе биде, рекол тој.

 

Алби имал зборови за утеха на кралицата, посакувајќи и радост, иако телото на Филип е изгубено, неговиот дух живее и понатаму.

Поглаварите испратиле до кралското семејство утешна порака после смртта на принцот Филип.

Најблиску што војводата дошол на островот е за време на патувањето во главниот град Порт Вила во 1974 година.

Британски официјални лица кои го истражувале феноменот заклучиле дека потекнува од вековната легенда за син кој се вратил и имал бледа кожа.

Кога дознале дека Филип е Грк, дека не е роден воАнглија, Франција или САД, можеби заклучиле дека војводата мора да потекнува од Тана.

 

Извор: Новости.рс

Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7