ММС

Објавено на: 04/14/21 1:02 PM

(ВИДЕО) Новиот зелен покрив во Скопје – Домот на градежници е во финална фаза

Запуштениот и руиниран покрив на Дом на Градежници го добива својот нов изглед на нов зелен покрив во градот.

Како што информираше скопскиот градоначалник, Петре Шилегов покривот е веќе во својата финална фаза да стане втор зелен покрив што всушност е една од мерките за намалување на урбаните топлотни острови, кој влијае на зголемување на температурата во градот.


„Просторот ќе биде опремен со над 30 различни видови дрвја, вертикално, средно и ниско зеленило, нови клупи и друга урбана опрема, а ќе го вратиме и култното кино на скопјани“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град СКопје, Петре Шилегов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.