ММС

Објавено на: 04/14/21 12:53 PM

Бред Пит, Хали Бери, Форд и Витерспун се меѓу овогодинешните водители на Оскар

Овогодинешното доделување на Оскари ќе биде поинакво во однос на претходните години поради пандемијата со корона вирусот, а некои од водителите на свеченоста ќе бидат Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Риз Витерспун.

Доделувањето на престижните филмски награди ќе се одржи на 25 април во Лос Анџелес, објави Академијата за филм, уметност и наука, а пренесува „Пипл“. Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Риз Витерспун се само некои од славните личности кои оваа година ќе учествуваат како водители во 93. по ред свеченост. Покрај нив на листата на презентери се и големи имиња од актерската и модната сцена.

Пит, минатогодишниот добитник на Оскар во категоријата за најдобар актер во споредна улога ќе им се придружи и на останатите добитници на престижни награди од 2020 година, Рене Зелвегер, Хоакин Финикс и Лаура Дерн.

Продуцентите оваа година на номинираните им испратиле писма во се бара физички да присуствуваат на церемонијата. Тоа значи, за разлика од останатите свечености за доделување на награди, на 25 април нема да гледаме комуникација на акетрите и водителите преку „Zoom“.

За оние кои од било какви причини нема да можат да присуствуваат на свеченоста на доделување на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.