ММС

Објавено на: 04/14/21 12:33 PM

Повреден рудар во Саса, заврши во болница

Повреден рудар од руднинкот Саса вчера попладне бил пренесен во кочанската болница, потврди СВР Штип.
-На 12.04.2021 во 13.20 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека околу 12.15 часот при работа во јама во рудник во Македонска Каменица, З.С.(34) се здобил со повреда кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во Општата болница Кочани, соопшти полицијата.
Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Делчево.Засега други детали не се соопштуваат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.