ММС

Објавено на: 04/14/21 7:49 AM

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, денеска посвежо со дожд

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2):
16 Крива Паланка, 13 Дебар, 11 Лазарополе, 6 Куманово, 3 Охрид, Берово, 2Скопје-Петровец, Крушево, Дојран, 1 Скопје-З.Рид, Гевгелија, Претор.

Минимални температури:
-1 Лазарополе, 0 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, 2 Крива Паланка, 3 Крушево, 4 Скопје-Петровец, Берово, 5 Дебар, Претор, 6 Куманово, Охрид, Штип, Битола, 7 Скопје-З.Рид, Демир Капија, Струмица, Прилеп, Виница, 8 Гевгелија, 10 Дојран.

Времето во текот на ноќта и изутринава:
Променливо облачно во првиот дел од ноќта со повремен дожд и ретки грмежи. Утринава е умерено до значително облачно со повеќе сончеви периоди на истокот. Во Дебар врне слаб дожд, а во Струмица има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост од 50м. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Времето денеска:
Умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на заподот од земјата. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. На југозападот ќе дува засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд краткотрајно и со пороен интензитет и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

УХМР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.