ММС

Објавено на: 04/13/21 10:31 PM

Во САД приведени 40 лица поради прекршување на полицискиот час по убиството на Даунт Рајт

Најмалку 40 лица се приведени поради прекршување на полицискиот час прогласен откако полициски службеник во неделата уби црномурест маж, кој беше идентификуван како Даунт Рајт, во американската држава Минесота, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Сите прекршувања на полицискиот час доведуваат до бунт“, наведоа од полицијата во Бруклин Сентер и порачаа дека се приведени најмалку 40 лица.

„Полицијата соопшти дека кога се обиделе да го уапсат возачот, се повлекле откако утврдиле дека има издадено потерница за него, а тој се вратил во своето возило и се оддалечил“, известува „Си-би-ес Минесота“. Еден од полицајците потоа пукал кон возилото, застрелувајќи го смртно возачот.

По инцидентот, десетици демонстранти почнаа да се собираат на местото на пукањето, опкружувајќи го седиштето на полицијата во Бруклин Сентер. Полициските сили употребија шок-бомби и солзавец за да ја растераат толпата.

Кејт Рајт за „Си-би-ес“ изјави дека таа е мајка на жртвата, наведувајќи дека нејзиниот син имал 20 години.

Инцидентот се случи во време кога поранешниот полициски службеник Дерек Шаувин се соочува со обвинение за убиство од трет степен поради убиството на Џорџ Флојд.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.