ММС

Објавено на: 04/13/21 12:52 PM

Митко Чавков заврши во болница со Ковид – 19

Затвореник од штипскиот затвор, со потврден Ковид – 19  од вчера е хоспитализиран во модуларната болница, откако му се влошила сосотјбата. Ова за Канал 77 го соопшти директорот на КПД Затвор Штип, Мики Тодоров.

-Затвореникот вчера е пренесен во модуларната болница, а со оглед дека е од затворениот оддел, пред болницата е поставена надворешна стража, изјави Мики Тодоров, директор на штипскиот затвор.

Како што дознаваме, се работи за Митко Чавков, поранешен директот на Бирото за јавна безбедност. Попладнето Чавков, по барање на семејството е пренесен во приватна болница во Скопје.

На останатите заболени состојбата постојано им се следи.

Во меѓувреме, по потврдувањето на Ковид – 19 кај петмина затвореници од затворениот дел, позитивни излегоа тестовите на уште двајца затвореници. Сега бројот на заболени е седум, како и тројца вработени во затворот. Уште 13 други затвореници од овој оддел се изолирани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.