ММС

Објавено на: 04/13/21 11:13 AM

Џенифер Анистон ќе стане мајка на 52. години

Актерката Џенифер Анистон (52) врвот на својата слава го доживеа во серијата „Пријатели“ со улогата на Рејчел. После долгогодишната пауза екипата повторно ќе се сретне и ќе снима специјална епизода, а обожавателите едвај чекаат повторно да ги видат на малите екрани.

Извор близок на актерката за магазинот „Closer“ рекол дека Џенифер во таа прилика ги израдувала своите колеги со веста дека ќе стане мајка. Анистон после двата разводи одлучила да посвои девојче кое го запознала во домот „Casa Hogar Sion“ во Мексико.

Актерката долги години финансиски го помагала сиропиталиштето и одлучила да посвои девојче. Официјално посвојувањето ќе биде готово во јуни оваа година.

-Џен беше уверена дека собирањето со колегите е вистински момент да ја објави веста дека ќе стане мајка. Женскиот дел од екипата знаеле, но сакала да ги изненади момците на снимањето, рекол изворот.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.