ММС

Објавено на: 04/12/21 9:50 PM

Во Египет откриен „изгубениот златен град“ стар 3.000 години

Египетската управа за антиквитети објави дека е пронајден антички град стар 3 илјади години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Управата, античкиот град познат како Атем се верува дека е основан од кралот Аменхотеп III и претставувал најголемиот административен и индустриски град во Луксор за време на египетската империјална ера.

Во текот на ископувањата, во просториите од античкиот град пронајдени се предмети што се користеле во секојдневниот живот.

Се верува дека пронаоѓањето на градот би можело да биде второ најважно археолошко откритие по гробницата на Тутанкамон.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.