ММС

Објавено на: 04/12/21 5:43 PM

Протести во САД по убиството на уште еден Афроамериканец

Полициски службеник вчера смртно застрела возач во Минеаполис во американската држава Минесота, што доведе до судири меѓу демонстрантите и полицајците, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Полицијата соопшти дека кога се обиделе да го уапсат возачот, се повлекле откако утврдиле дека има изречена потерница против него, а тој се вратил во своето возило и се оддалечил“, известува „Си-би-ес Минесота“. Еден од полицајците потоа пукал кон возилото, застрелувајќи го смртно возачот.

По инцидентот, десетици демонстранти почнаа да се собираат на местото на пукањето, опкружувајќи го седиштето на полицијата во центарот на Бруклин. Полициските сили употребија шок-бомби и солзавец за да ја растераат толпата.

Убиениот возач е идентификуван како Даунт Рајт (20) од страна на една жена, Кети Рајт, која за „Си-би-ес“ изјави дека е мајка на жртвата.

Инцидентот се случи во време кога поранешниот полициски службеник Дерек Шаувин се соочува со обвинение за убиство од трет степен поради убиството на Џорџ Флојд.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.