ММС

Објавено на: 04/12/21 5:25 PM

Автобус излетал од патот кај Демир Хисар – нема повредени патници

СВР-Битола информира дека попладнево во 14:25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.

Според првичните информации на екипите на СВР-Битола, до незгодата дошло откако пред автобусот наишол трактор и со цел да биде избегнат директен судир со поголеми последици, возачот на автобусот го избегнал судирот, но со превртел во непосредна близина на коловозот.

Увидот е во тек, потврдија од СВР-Битола.

 

 

 

 

 

MИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.