ММС

Објавено на: 04/12/21 3:34 PM

Драма во Париз: Пукање пред болница, еден убиен и еден ранет

Едно лице денес е убиено, а едно е рането во Париз, соопшти француската полиција. Претходно извор близок на истрагата рекол дека две лица се ранети пред болницата во 16-тиот арондисман во Париз.

Како што јавуваат медиумите, дошло до пукањето пред болницата Хенри-Дунант. Тоа е геријатриска болница во сопственост на Црвениот крст, која во моментов функционира како центар за вакцинација против Ковид 19.

На лице место има голем број на полицајци, а според најновите информации, напаѓачот е во бегство.

За сега нема информации за околностите и мотивите на инцидентот.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.