ММС

Објавено на: 04/12/21 2:56 PM

Немаат антитела, а имаат имунитет: Д-р Гњатовиќ објаснува како е ова можно

Поголемиот дел од вакцините многу добро делуваат кај работоспособното население над 65 години во Србија, вели д-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија.

„Постојат поблаги проблеми во категоријата на повозрасни лица над 70 години и тоа мажи, кои развиле малку послаб хуморален одговор каде е во прашање вакцината на Синофарм. Се случува и кај другите вакцини, но во помала мера. Особено ќе обрнеме внимание на таа категорија луѓе“, наведува Гњатовиќ во интервју за ТВ Пинк.

Според неа, во Србија ќе биде изработена национална студија која ќе ги следи ефектите од вакцинацијата. Докторката објасни и дека отсуството на антитела не значи дека нема имунитет:

„Антителата се потврда дека дошло до активирање на имунолошки одговор и нив најлесно ги мериме. Отсуството не значи дека нема заштита, многу е важен клеточниот одговор. Отсуството на хуморален, не значи и отсуство на целуларен одговор“.

Според докторката, има повеќе од 12 илјади мутации на коронавирусот кои се регистрирани досега.

Инфектологот Дарко Ношиќ, вели дека нема причина вакцинацијата да не биде задолжителна за здравствените работници.

За нив е задолжително да бидат вакцинирани против некои други инфективни болести, а кои се значително помалку контагиозни – наведува инфектологот.

 

Извор:    republika.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.