ММС

Објавено на: 04/12/21 1:20 PM

Притворот на Јордан Камчев продолжен за уште 30 дена

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, му ја продолжи за уште 30 дена мерката притвор на Јордан Камчев, осомничен за случајот „Плацеви на Водно”.

– Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена. Против ова решение, странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд – Скопје, соопштија од Основен кривичен суд Скопје.

Одбраната на Јордан Камчев, пак, претходно најави дека до Судскиот совет на РСМ ќе поднесат преставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.