ММС

Објавено на: 04/12/21 12:05 PM

Внимавајте што купувате од Интернет – Жена со денови се будела со чудни убоди по телото!

Купувањето душек преку Инстаграм се претвори во вистински кошмар.

Сузан Меки (51) од својата ќерка доби нов ортопедски душек, кој го купиа преку социјалните мрежи.

Производот пристигнал нов и спакуван и се чинело дека е во многу добра состојба.

Сепак, само неколку дена откако го поставила на кревет и преспала Сузан почнала да забележува каснувања по нејзиното тело и лице. Најпрво мислела дека ја каснуваат инсекти кои влегуваат низ прозорецот, но ситуацијата од ден на ден се влошувала.

Додека размислувала што може да биде причината, здогледала мало дупче на душекот и решила да го искине горниот слој, а потоа имало што да види: Под новиот слој на платно имало стар, валкан душек, полн со инсекти.

Се испоставило дека токму овие мали инсекти од навидум новиот душек ја касале жената!

На крајот, семејството мораше половина работи да ги исфрли од страв дека инсектие се проштириле низ целата куќа.

Компанијата што го продадала спорниот душек им понудила замена, за што семејството не се согласило. Потоа им понудиле пари, но како што вели ќерката на жената што спиешела на душекот, тие бараат обештетување за целата штета што ја предизвикал душекот.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.